Германските медиуми пренесуваат дека Јувентус сака да го доведе ветеранот на Баерн Минхен, Томас Милер (34).
Спорт Билд објави дека раководството на торинскиот клуб будно ја следи ситуацијата околу продолжувањето на договорот на искусниот фудбалер. Доколку Милер не се договори со Баварците, Јуве ќе се обиде да го доведе како слободен играч.
Претходно беше објавено дека за 34-годишниот германски фудбалер е заинтересиран и славниот Милан.
Томас Милер е легенда на Баерн. Целата кариера ја мина во клубот од Минхен, за првиот тим дебитираше уште во 2008 година, но нема индиции дека ќе потпише нов договор. Неговиот сегашен истекува следното лето.
Оваа сезона Милер одигра вкупно 15 натпревари и постигна два гола. Десет пати играше во Бундеслигата (четири како стартер) со еден гол и четири асистенции.
