Јувентус полека тргнува во составувањето на тимот за следната сезона. Но, италијанските медиуми тврдат дека во наредните неколку дена треба да го добијат најдоброто засилување, а тоа е Луис Суарез од Барселона. Уругваецот е во преговори со Барселона за раскин на договорот, па кога ќе има чисти документи, тогаш ќе потпише договор со Јувентус. Има интерес и од ПСЖ, но сепак Суарез преферира Серие А.
Според информациите кам-бек во тимот се очекува на Моис Кеан од Евертон, но ќе пристигне и Дест од Ајакс, за кој е заинтересиран и Баерн.
Како и да е се очекува уште некое ново име, но доколку Суарез дојде тогаш навистина Јувентус ќе има страшен напад, Роналдо-Суарез-Дибала.
Ова е веројатно составот на Пирло за следната сезона:
Шчесни, Дест, Де Лихт, Бонучи, Сандро, Артур, Бентакур, Квадрадо, Дибала, Роналдо, Суарез.