Спорт Моле известува дека Старата дама дефинитивно го сака крилниот напаѓач на Волците, Адама Траоре и се подготвени да понудат тројца играчи за да ги обезбедат услугите на Шпанецот.
Клубот од Серија А, на Волците им ги понуди: Матија Перин, Даниеле Ругани и Кристијан Ромеро во замена за 24-годишниот.
Повратен одговор на оваа понуда сеуште нема стигнато, но дефинитивно е неодолива понуда.
Иначе, Траоре е дел од академијата за Барселона.