Како што пишува угледната „Газета дело Спорт“, Јувентус го усвои новиот план, кој се однесува од 2020 до 2024 година. Целта е да се донесе „нов Роналдо“, но помлад. Се работи за понатамошен раст на тимот, но и приходите. Имено, во изминатата деценија Јувентус работи одлично, вредноста порасна десет пати, а сега вредат околу 1,4 милијарди.
За равојот на клубот предложени се 300 милиони евра, а дел од овие пари треба да бидат инвестирани и за замената на Роналдо. Првата фел е Нејмар од ПСЖ. Францускиот тим летово одби 100 милиони евра плус Дибала, но „Старата дама“ не се откажува.
Останатите три мети се Мбапе, Пол Погна, но и Жоао Феликс кој дојде од Бенфика во Атлетико Мадрид. Останува да се види дали плановите ќе бидат исполнети.