ФУДБАЛ

Јуве подготвува нов договор за Влаховиќ!

На почетокот и средината на летото се чинеше дека српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ заминува од Јувентус, но ситуацијата сега е значително променета, пренесуваат медиумите од Италија.

Напаѓачот сега е блиску до продолжување на договорот со „старата дама“, која подготвува понуда, а се очекува до крајот на октомври оваа дилема да биде разрешена.

Наводно се ќе зависи од Влаховиќ и неговите амбиции, но Јуве не се сомнева дека поранешниот голгетер на Фиорентина заслужува подобри услови.

Според актуелниот договор, Влаховиќ има годишна плата од 7,5 милиони евра, а ќе има најмалку еден милион повеќе доколку се согласи да ја продолжи соработката до 2027 година.

Сегашниот истекува во 2026 година.

Влаховиќ пристигна во Јуве во јануари минатата година од Фиорентина за 80 милиони евра. За клубот од Торино има одиграно 45 натпревари и постигнато 19 голови.