ФУДБАЛ

Јуве потврди дека Матуиди и Ругани се негативни на коронавирус и на вторите тестови, но нишо не кажуваат за Дибала

Клубот од Торино денеска даде изјава во која известуваат за идните клубски мерки, во однос на пандемијата од коронавирус. Исто така се споменува и за дваја фудбалери кои биле заразени од КОВИД-19.

Се споменува дека Даниеле Ругани и Блеиз Матуиди се излечени од инфекцијата, но ништо не се зборува за третиот пациент во тимот, Пауло Пауло Дибала.

Во последните неколку дена се појавија информации дека Аргентинецот дал негативен тест за присуство на КОВИД-19 во неговото тело, а се очекуваше и втора потврда.

„Ругани и Матуиди поминаа преку двоен дијагностички тест за коронавирус. Резултатите беа негативни. Затоа, играчите беа прогласени за озздравени на 15 април и веќе не се под самоизолација“, се вели во извештајот.

Ова ќе им овозможи да продолжат со индивидуалните тренинзи во клупската база.