Иако има неколку месеци до јануарскиот трансфер период, клубовите започнаа да се ангажирваат околу трансферите за да ги исполнат своите цели навреме.
Јуве сака да го доведе Ериксен во јануари, и како дел од трансферот понуди еден играч од средниот ред во замена
Адријан Рабио се бори да се прилагоди на Јувентус и воопшто не стекна доверба кога тренерот Сари му даде можност да игра од првата минута, па челниците на клубот започнаа да размислуваат за друг план.
Па Паратити стапи во контакт со газдите на Тотенхем и им го понуди токму францускиот играч од средниот ред, во замена за данскиот Кристијан Ериксен, во јануари, бидејќи договорот му истекува следното лето.
Ериксен се очекува да го напушти Лондон следното лето, со тоа што Манчестер Јунајтед се кандидира за неговите услуги, но и Реал Мадрид, така што Јувентус ќе треба да се натпреварува со Јунајтед и Реал за потпис на Ериксен.