Јувентус целосно се врати во борбата за четирите најдобри, според изјавите на играчите, се уште има надеж за Скудетото, по шест последователни победи во Серија А.
Тие ја продолжуваат потрагата по Милан и Наполи на 4 јануари кога играат против Кремонезе. Навивачите сакаат неколку засилувања во текот на зимата за да го одржат тимот во трка на повеќе фронтови. Јуве испадна од Лигата на шампионите, но во ЛЕ го очекува дуел со Нант.
Во текот на оваа зима клубот ќе инсталира комплетно нова управа.
Ањели денеска го одржува последниот состанок како претседател на клубот, наскоро ќе се соочи со судска битка каде е обвинет за проневера и затајување данок. Она што нема да ги израдува навивачите е што новата управа нема да биде инсталирана до 18 јануари, па дотогаш ќе бидат „замрзнати“ сите трансфер активности.
Оваа вест значи дека Јуве ќе пропушти добар дел од пазарот, цели како Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Тилеманс, Синг, Кивори и слични ќе бидат практично невозможни. Операции како потенцијалното пристигнување на СМС бараат време, особено ако претседателот на Лацио Лотито е на другата страна од преговорите.
Прашање е дали „бјанконерите“ воопшто ќе успеат да донесат звучно име во текот на јануари.