ФУДБАЛ

Јувентус дава четворица за sвездата на Фиорентина?

Судејќи според шпекулациите кои ги слушаме веќе неколку месеци, постојат големи шанси да се остварат предвидувањата дека пазарот за трансфер на фудбал ќе ја преземе формата на НБА за време на „корона ризата“ и ќе станат претежно засновани на „трејдови“.

Така, најновите трансфер шпекулации од Италија зборува за размена и за „трејд пакет“.

Јувентус, според она што може да се прочита во медиумите, сака да реши многу од своите дилеми во врска со списокот преку размени, и така ќе се обиде ја донесе големата надеж во италијанскиот фудбал, Федерико Киеса.

Според „Тутопорт“, Јувентус е подготвен да му понуди на Фиорентина дури четири играчи во замена за младиот Киеса.

Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратити е подготвен да ги остави Даниел Ругани, Лука Пелегрини (на позајмица во Каљри до крајот на сезоната) и Кристијано Ромеро (на позајмица во Џенова до крајот на сезоната) за да ги донесе Киеса.

Фиорентина, од друга страна, веќе некое време се интересираше за Матија Перина, кој моментно е на позајмица во Џенова (Џенова има опција да купи договор), а Јувентус е подготвен да стори сé што може за да го испрати во Фиренца – ако тоа доведе до реализација на трансферот на Киеса.

Треба да се додаде дека Бартоломеје Драговски е неприкосновена единица на Фиорентина, но се појавија гласини дека тој би можел да биде продаден ова лето доколку пристигне доволно богата понуда.