Јувентус доби понуда која не може едноставно да ја одбие.
На сите им е јасно дека на клубот му требаат пари за да донесе играч во средниот ред кој може да ги замени Пол Погба и Фаџоли кои се суспендирани и нема да се вратат оваа сезона, тоа е сигурно.
Затоа Јуве мора да излезе на пазарот во јануари, ви пишувавме за потенцијалните цели, а парите кои би можеле да ги искористат на пазарот наскоро би можеле да стигнат од Кристал Палас.
Тим од Англија испрати официјална понуда за младиот аргентински крилен напаѓач Матиас Суле.
Овој фудбалер моментално е на позајмица во Фросиноне, има само 20 години, а веќе постигна 6 гола.
Понудата која ја доби Јувентус е 35 милиони евра.
