ФУДБАЛ

Јувентус го претстави новото засилување

Јувентус денеска и официјално потврди дека Андреа Камбијасо е новиот играч на овој клуб.

 

Овој 23-годишен лев бек денеска и официјално потпиша договор со Стара Дама до летото 2027 година.

Камбијазо пристигна во Јувентус од Џенова за кого настапуваше претходната сезона и остави одличен впечаток со своите игри во дресот на овој клуб.

 

23-годишниот фудбалер порасна во Џенова, но играше како позајмен во Албисола, Савона, Алесандрија и Емполи. Минатата сезона одигра 30 натпревари и остави одличен впечаток со своите игри.

Јувентус не сакаше да ја пропушти можноста да го доведе овој лев бек кој ќе ја засили конкуренцијата во одбраната на Старата дама.

Камбијасо одлично се снаоѓа во формацијата 3-5-2 која ја негува Масимилијано Алегри, а игра и на десната страна, што сигурно ќе биде дополнителен плус за Јуве.

 

Јувентус плати околу три милиони евра за Камбијас плус Раду Драгушин кој замина во Џенова.