Според „Кориере дела Сера“ Италијанскиот гигант од Торино, Јувентус кој е осумкратен шампион во Серија А, сака да го продолжи договорот со легендарниот голман Џанлуиџи Буфон.
Моменталниот договор на искусниот 42-годишниот голман истекува во јуни годинава, а договорот кој го спреми Јувентус, е продолжување за уште една сезона.
Буфон ги бранеше боите на Јувентус од 2001 до 2018 година. По една сезона мината во Пари Сен-Жермен, голманот се врати во Торино.
Оваа сезона, до прекинот, Буфон одигра 11 натпревари на сите турнири, од кои на три успеа да ја зачува „сува“ својата мрежа.