ФУДБАЛ

Јувентус го стави Ремзи на продажба

Јувентус планира да го продаде Арон Ремзи само една година откако го префрли од Арсенал како слободен агент.

29-годишникот оваа сезона оствари само 19 настапи за Јуве, постигнувајќи два гола.

Сепак, тој страдаше од бројни проблеми со мускулите кои го спречија да заблеска.

Иако Рамзи беше технички слободен играч, Јуве мораше да им плати на менаџерите 3,6 милиони евра за да го заврши трансферот.

„Tuttsport“ пренесува дека Јуве ќе го искористи, слично како Емре Џан кој го продал на Борусија Дортмунд за 20 милиони евра, за да ја наполни касата.