Дејан Кулушевски ги мина лекарските прегледи, потпиша петгодишен договор со Јувентус, но сепак за дебито за „Старата дама“ ќе мора да почека до следната сезона. Кулушевски е во сопственост на Аталанта, која ќе добие 35+10 милиони за овој фудбалер, но тој настапува како позајмен во Парма. Договорот помеѓу овие два клуба е до крајот на сезоната, а „Млекарите“не планираат да го раскинат. Јувентус дури го нудеше Пјаца, но сепак Парма не прифати.
Кулушевски до јуни ќе настапува за Парма, а потоа ќе се пресели во Јувентус.