Јувентус и Манчестер Сити го завршија договорот за размена на Феликс Кореја и Пабло Морено.
Феликс Кореја потпиша за Јувентус, додека Пабло Морено потпиша за Манчестер Сити, откако и двајцата млади таленти успешно ги поминаа медицинските тестови.
Ова беше договор за размена без доплата, бидејќи двајцата играчи беа проценети по 10 милиони евра.
Сега се очекува само официјална потврда од двата клуба.
Кореја има 19 години и игра како крилен играч. Тој е дел од репрезентацијата на Португалија У19 и ја мина минатата сезона на позајмица во АЗ Алкмар.
Морено, е една година помлад, тој е шпански центаршут и беше баран од Барселона.