ФУДБАЛ

Јувентус и ПСЖ подготвени да направат размена на дефанзивците

Јувентус и ПСЖ би можеле да ги разменат дефанзивците на позицијата десен бек во трансфер периодот во јануари.

Од една страна, шампионите на Франција го ја следат Матија Де Шиљо, додека долгогодишниот шампион на Италија го следи Томас Муние, чиј договор истекува во јуни.

Де Шиљо се опоравува од повредата на коленото и со отворањето на трасфер периодот ПСG се очекува да даде понуда за него, но со влегувањето на Муние во договорот би можеле да имаме размена играч за играч.

Јувентус, од друга страна, првично се надеваше дека ќе го донесе Белгиецот како слободен играч, бидејќи тој сè уште не потпиша нов договор, но малку е веројатно дека челниците на ПСЖ ќе си дозволат да загубат таков играч без да освојат нешто.