Познатиот сајт кој се занимава со откривање на дизајнот на дресот на Footy Headlines објави фотографија од дресот на Старата дама за сезоната 2022/2023 и е забележана значајна промена.
Се однесува на шарите кои се на дресот. Тие значително се разликуваат од обичните и се направени од бројни црни триаголници.

Навивачите според коментарите не се многу ентузијасти бидејќи фановите на великаните од Торино се цврсто приврзани за познатите црно-бели линии без никакви додатоци.
Јувентус често знаеше да експериментира со дресовите и во претходните години. Имаше навистина чудни дизајни кои воопшто не им се допаднаа на фановите на Бјанконерите.