ФУДБАЛ

Јувентус инсистира на Икарди

Мауро Икарди продолжува да биде во плановите на Јувентус.

Според „Калчомеркато“, Јувентус ги интензивира напорите да го врати поранешниот напаѓач на Интер, Мауро Икарди, од Франција во Италија.

Гигантите од Лига 1 се подготвени да ги слушаат понудите за Аргентинецот, но ПСЖ го проценува на 50 милиони евра и нема да ја намалат бараната цена.

Ова може да ги уништи плановите на „Старата дама“.