ФУДБАЛ

Јувентус ја декласира Барселона на „Камп Ноу“

Јувентус успеа да слави висока победа од 3:0 против Барселона на „Камп Ноу“.

Фудбалерите на Јувентус и Барселона одиграа одличен натпревар во бора за првото место го групата Г.

Гостите од Торино уште во првото полувреме ја покажаа желбата за победа, па по досудениот пенал во 13. минута, Роналдо им донесе водство на Италјаните.

Домаќините се обидоа да израмнат, но одличната разиграна акција на Јувентус и голот на Мекени го постави резултатот 2:0 со кој се замина на полувреме.

Второто полувреме имаше неколку шанси за Барселона да се врати во игра, но одличниот Буфон не дозволи да се затресе мрежата на Јувентус, а во 52. минута беше досуден нов пенал за Јувентус, роналдо повторно беше прецизен за 3:0.

Барселона статистички беше подобра, но Буфон беше вистинскио херој на натпреварот бидејки има 42 години, а сепак брани како да има многу помалку.

На вториот натпревар од оваа група, Динамо Киев го победи Ференцварош со 1:0, со голот на Попов.