Старата Дама подолг период се поврзуваше со играчот на Шалке, но, сепак изгледа Горецка ќе продолжи во Германија и тоа во актуелниот Германски шампион Баерн Минхен.
Одличниот играч за врска на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен фудбалер, но интерес за неговите услуги покажаа и Тотенхам и Јувентус.
Репрезентативецот на Германија не крие дека сака во новиот клуб да има годишна плата која нема да биде помала од 5 мил. евра.