Одборот на Јувентус објави дека изгубил 71,4 милиони евра за сезоната.
Загубата, според извештајот објавен од клубот, е под силнo влијание на пандемијата на коронавирусите.
Загубата од 71,4 милиони евра е за 31,5 милиони евра поголема од онаа од сезоната 2018/19.
Од крајот на јуни годинава, Јувентус должи дури 385 милиони евра и јасно е дека не е во поволна ситуација.
Сепак, и покрај сите овие финансиски проблеми, Јувентус доминира во Италија од година во година и е подготвен да го освои новото Скудето.