Јувентус ја сака големата надеж на Шпанија, цената е троцифрена

Written by

in

Шампионот на Италија веќе ја проби „магичната“ цифра од 100 милиони евра со ангажманот на Кристијано Роналдо. Делува дека оваа сума во блиска иднина ќе стане нормална работа.

Шпанските клубови често пати при потпишувањето на професионалните договори со младите играчи знаат да постават високи клаузули, што е случај и со Феран Торес од Валенсија.

19-годишникот е на листата на Јувентус, неговата слобода чини 100 милиони евра. Покрај шампионот на Италија, за неговите услуги наводно заинтересирани се Ливерпул и Барселона.