ФУДБАЛ

Јувентус ќе донесе играч на Бордо, а Каљари ќе профитира од се

Јувентус направи одлични трансфери во зимскиот преоден рок.

Пристигна Закарија, а се издвојува купувањето на Душан Влаховиќ, кој веќе на стартот од авантурата во Торино покажа дека ќе биде големо засилување за Старата дама.

Италијанските медиуми сега пренесуваат дека следна цел на Јувентус е младиот Раул Беланова, кој оваа сезона настапува за Каљари како позајмен од француски Бордо.

Овој десен бек сезонава одигра 21 натпревар за тимот од Сардинија, постигна еден гол и запиша две асистенции, а со своите настапи го привлече вниманието на Јувентус кој сака од следната сезона повторно да се вклучи во трката за титулата на Италија.

Сепак, има нешто во целата приказна за што се прашува Каљари.

Овој клуб на крајот на сезоната има опција да го откупи договорот на Беланов за два милиони евра, а како што пренесуваат италијанските медиуми тоа ќе го сторат и веднаш ќе го проследат до Јувентус за девет милиони евра, со што ќе заработат разлика во трансферите.

Инаку, Раул Беланова е дете на Милан, во Бордо замина во 2019 година, а сепак играше како позајмен во Аталанта и Пескара.

Раул Беланова одигра дури 78 натпревари за младинските селекции на Италија, а се уште го чека дебито во А тимот.