ФУДБАЛ

Јувентус ќе жртвува 3 ѕвезди за 2 феномени

Постојат гласини за сензационален потег од Јувентус на пазарот. Според „Calciomercato.it“, италијанскиот шампион работи на сензационален трансфер со Борусија Дортмунд, во која ќе бидат вклучени пет играчи.

Од редовите на германскиот клуб, всушност, се два феномена што се чини дека ги пленат лидерите на „Старата дама“, кои се чини дека подготвиле сензационална стратегија за нивно доведување.

Двата играчи се Џејдон Санчо и Џулијан Брант, кои се во вредност од 100 милиони и 50 милиони евра.

Висока бројка Јувентус не може да си дозволи, и од таа причина „Бјанконерите“ размислуваат да им понудат на Германците готовина плус играчите Емре Џан, Бернардески и Ругани, трио кое го фаворизира Дортмунд.

Што ќе се случи, дали екипите ке најдат заеднички јазик, останува да се види во јануарскиот трансфер период.