ФУДБАЛ

Јувентус, Ливерпул и Рома го сакаат, но тој не сака да го напушти Реал

Дефанзивниот играч Начо Фернандез се надева дека ќе постигне нов договор со Реал.

Искусниот 31-годишен фудбалер е обврзан со договор со Реал до летото следната година, а неговата желба и покрај тоа што неколку клубови го бараа е да потпише нов договор со клубот од Мадрид, каде ја започна својата кариера.

Според шпанските медиуми, Рома се обиделе двапати да го доведат, а наводно таа не е единствената екипа што сакала да го ангажира.

Во јануарскиот преоден рок, Јувентус и Ливерпул бараа одбранбени играчи и токму Начо беше на врвот на нивната листа на желби.

Сепак, Начо остана ладен на поканите на овие великани, а дали ќе потпише нов договор со Реал, според шпанските медиуми, ќе се знае до крајот на тековната сезона.