ФУДБАЛ

Јувентус му испраќа понуда на Сасуоло за Локатели, дали ќе биде прифатена?

Зад Јувентус е прилично лоша сезона, според нивните стандарди, така што водечките луѓе на клубот се зафатени да работат на составување на играчки кадар за сезоната пред нас.

Масимилијано Алегри, кој претходно работеше одлично во Јувентус, ја презеде функцијата главен тренер, а веројатно ќе има многу промени и во тимот.

Неколку играчи се на врвот на списокот со желби на Старата дама, а еден од нив е играчот за врска на Сасуоло и италијанската репрезентација, Мануел Локатели.

Јувентус работи на негово доведување, но досега пречката беше во висината на обештетувањето што го очекува Сасуоло. Сепак, како што пишуваат италијанските медиуми, претстои договор меѓу двата клуба.

Сасуоло побара 40 милиони евра и не попушти, но Јувентус најде начин да ги задоволи челниците на клубот на Локатели.

Имено, официјална понуда вредна 30 милиони евра плус 19-годишниот дефанзивен играч Раду Драгушин наскоро ќе пристигне на адресата Сасуоло од Торино. Наводно, Сасуоло ќе прифати, па може да се очекува официјален трансфер во наредните денови.

Треба да се додаде дека Локатели наводно претходно ги договорил своите услови со Јувентус и дека тие ќе потпишат петгодишен договор според кој ќе заработуваат три милиони евра годишно.

Патем, Локатели е дете на Милан во кое, сепак, не доби вистинска шанса да игра, па реши да замине во Сасуоло, каде игра навистина феноменално. Во изминатите три сезони, тој одигра 99 натпревари и постигна седум погодоци.