ФУДБАЛ

Јувентус му ја исполни желбата на Пирло на крајот од преодниот рок: големо засилување пристигнува во Торино

Остануваат уште неколку дена до крајот на преодниот рок и сигурно е дека многу драма не чека во самиот финиш.

Преодниот рок во најдобрите пет лиги трае до 5 октомври и јасно е дека сигурно ќе видиме многу возбудувања во наредните денови. Многу е интересно на Апенините каде Јувентус е во центарот на вниманието, што очигледно сè уште не заврши со засилувања.

„Кориере дело Спорт“ денес објави дека Бјанконерите сакаат да донесат уште еден играч на крајот од преодниот рок, а тоа е Федерико Кјеза од Фиорентина. Андреа Пирло покажа голема желба клубот да го донесе Кјеза и тие веднаш презедоа акција.

Јувентус веќе е во контакт со Фалија Рамадани, кој е агент на Кјеза, и тие преговараат за условите на договорот. Исто така, „Старата дама“ преговара со Фиорентина за висината на надоместокот.

Трансферот на Кјеза се очекува да чини околу 50 милиони евра, иако Фиорентина бара 20 милиони повеќе. Но, самиот Кјеза покажа желба да се пресели во Јувентус и се надева дека клубот нема да му направи проблеми. Многу повеќе за сето ова ќе се знае во наредните денови.