Раководството на Јувентус даде рок на Кристијано Роналдо и останатите „странци“ да се вратат за една недела во Торино, односно најдоцна до 19-ти април, пишува „Република“.
Пораката „Старата дама“ им ја испратила пред неколку дена, а од понеделник играчите треба да се во Торино, каде ќе започнат двонеделна изолација, како што налагаат италијанските власти.
Освен Роналдо, треба дасе вратат Даглас Коста, Миралем Пјаниќ и Сами Кедира.