Јувентус, наводно, е подготвен да го врати играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погбан во Италија ова лето. Бјанконерите имаат за цел тоа да го постигнат, како дел од договорот на „црвените ѓаволи“ ќе им биде понуден еден играч Арон Ремзи или Адриен Рабиот.
За Пол Погба постојано се шпекулираше уште од минатото лето за заминување „Олд Трафорд“. Овие шпекулации се засилија во последните месеци, како резултат на тешкотиите што ги минува Манчестер Јунајтед во Премиер лигата.
26-годишниот играч исто така имаше многу тежок период оваа сезона, бидејќи повредата на глуждот го задржа надвор од составот во поголемиот дел од сезоната.
Италијанските весници пишуваат дека Погба сака ова лето ќе се врати во Јувентус, по четири и пол години откако го напуштил Алијанц за да се врати во Манчестер Јунајтед, каде што играл уште додека бил млад.
Агентот на Погба, Мино Рајола, неодамна даде интервју за „Спорт Медијасет“ каде рече дека Италија е втор дом на Погба. Италијанските весници сметаат дека оваа изјава не е случајна и дека Рајола се подготвува да го пренесе Погба во Серија А ова лето.
Масбачстер Јунајтед бара 150 милиони евра за францускиот играч од средниот ред, сепак Јувентус ќе се обиде да ја намали таа цена со вклучување на Рабиот или Ремзи во договорот.