Ииталијанските медиуми го објавија очекуваното, Јувентус нема да се жали на одлуката на УЕФА да ги исфрли од овосезонската Конференциска лига. Италијанскиот гигант го доби токму она што го сакаше и ќе може на мир да се фокусира на натпреварувањето во Серија А следната сезона.
За потсетување, италијанскиот гигант нема да игра во оваа сезона од Конференциската лига, а мора да плати и финансиска казна од 10 милиони евра. Можно е казната да достигне и до 20 милиони евра доколку клубот не го исполни финансискиот фер-плеј во следните три години. Местото во Конференциската лига и го препушта на Фиорентина.
