ФУДБАЛ

Јувентус нема играно со ваков тим веќе 123 години

Јувентус во моментов го игра натпреварот од 4-то коло во Лигата на шампионите против унгарскиот Ференцварош.

Со оглед на големиот број повредени играчи, Андреа Пирло мораше да изведе „шарен“ тим, па торинскиот клуб настрада со гостите од Унгарија, кои дури и поведоа, но Кристијано Роналдо израмни на 1:1.

Старата дама има најголем проблем во одбраната, а интересно е што првпат по 123 години и 4371 натпревар во Јувентус нема ниту еден италијански играч во одбраната.