Јувентус ќе бара нов напаѓач во текот на летото, бидејќи клубот од Торино очигледно смета дека времето на Гонзало Игуаин е завршено.
„Tuttosport“ пишува дека Бјанконерите сакаат да ангажираат напаѓач кој има слични карактеристики со Карим Бензема, за да може Кристијано Роналдо да го искористи максимумот.
Спортскиот директор Фабио Паратити го избра Хери Кејн за негова прва цел, така барем пишува весникот од Торино, инаку секогаш добро информиран за настаните во Јувентус.
Донесувањето на Кејн ќе биде исклучително скапо. Англичанецот дефинитивно би станал најскапиот играч на Јувентус во историјата, со бројка меѓу 150 и 170 милиони евра.
Напаѓачот потпиша шестгодишен договор со Тотенхем во вредност од 17 милиони по сезона во летото 2018 година, но повредите, испаѓањето и уште една сезона без трофеи се доволна причина за „Старата дама“ да тргне во напад.
Втор на листата со приоритети е Мауро Икарди. Аргентинецот беше долгогодишна желба на „Бјанконерите“, но неговиот престој во ПСЖ се чини поверојатно отколку да се пресели во Торино.