Фудбалерите на Јувентус гостуваат во Џенова, а гостите скоро доцнеја за овој натпревар.
Поради сообраќаен метеж во Лигурија поради масовните поправки на патот, Јувентус мораше да лета за Џенова за дуелот од 29-то коло од Серија А против Џенова.
Само 172 километри е растојанието помеѓу Торино и Џенова и Јуве во овој град обично доаѓа со клубски автобус, но денес тие требаше да ги променат обичаите и плановите.
Натпреварот Џенова – Јувентус започнува во 21:45 часот и Старата дама сака да победи со цел да се доближи до новото Скудето.