Торинскиот Јувентус е подготвен да го донесе холандскиот фудбалер од редовите на Лион Мемфис Депај во своите редови во јануарскиот преоден рок.
Старата дама бара засилувања за да ја продолжи оваа прилично лоша сезона, и тие би можеле да go добијат одличниот Депај по екстремно ниска цена – за само пет милиони евра.
Тутоспорт тврди дека Депај и Аркадиуш Милик се опции што Јуве ги разгледува. И двајцата имаат истечен договор на крајот на сезоната, но најверојатно ќе ги сменат клубовите.
Сепак, Депај засега е позаинтересиран да замине во Барселона. Тој веќе подолго време флертуваше со каталонскиот клуб, а финансиските пречки го запреа доаѓањето на 26-годишниот напаѓач на „Камп Ноу“ во летниот преоден рок.
Следните денови сигурно ќе бидат многу интересни кога станува збор за трансфер на пазарот, а ние треба да ја почекаме одлуката на Мемфис Депај за новиот клуб.
Депај оваа сезона постигна осум гола во дресот на Лион и забележа четири асистенции на 17 одиграни натпревари.