Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри нема да може да смета на двајца важни играчи на првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Виљареал.
Дополнителните прегледи утврдија дека повредата на Дибала која ја заработи во петокот на дуелот со Торино (1:1) не е од сериозна природа, но сепак Аргентинецот нема да биде во составот против Виљареал.
Истото важи и за Ругани, кој заработи повреда на мускулот додека се загреваше за дербито во Торино. Наместо тоа се очекува Данило да излезе на теренот.
Дуелот меѓу Виљареал и Јувентус во осминафиналето се игра во вторник од 21 часот.
Старата дама долго време е непоразена, но на последните два првенствени меча освои само еден бод, додека Виљареал е во нешто подобра форма во однос на следниот ривал.