ФУДБАЛ

Јувентус плаќа 10 милиони евра за млад играч кој е опседнат со Лука Модриќ

Младиот италијански офанзивен играч за врска, Николо Ровела, на лето треба да ја продолжи кариерата во Јувентус, кој го договори неговиот трансфер од Џенова, пренесува Sky Sport Italia.

Јуве ќе плати 10 милиони евра за него, а во Џенова ќе испратат и млади играчи Ели Петрели и Маноло Портанова.

Ровела ќе остане на позајмица во Џенова до крајот на оваа сезона. Во интервју за СпортВик, тој зборуваше за тоа, но исто така му откри на светот дека негов фудбалски идол е Лука Модриќ.

“Мојата иднина е во Џенова засега, бидејќи имам уште многу да напредувам. Сакам да играм редовно за Џенова и да ја завршам таа сезона каде што сеуште можам да правам грешки и да ги коригирам само со играње”, рече 19-годишниот Ровела, а потоа зборуваше за Модриќ.

“Секогаш имате впечаток дека нешто ќе се случи кога тој ќе ја има топката. Според мене, трите најдобри играчи од средниот ред во светот се тој, Тиаго Алкантара и Николо Барела”, рече Ровела.