ФУДБАЛ

Јувентус победи, ама едвај, 11 фудбалери се на листа на повредени (ВИДЕО)

Соочувајќи се со голем број повредени, тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри против Лече изведе доста променет состав. Како што е познато Влаховиќ, Ди Марија, Погба, Киеза, Бремер, Парадес, Де Шчиљо и уште неколку играчи се на листата на повредени.

Сепак, со рутинска игра, малку  потешко од што се очекуваше, славеше на гостувањето кај Лече со 0:1. Стрелец на единствениот гол беше Фаџиоли во 73-та минута, кој во игра влезе во вториот дел на местото на Мекензи.

Ова е прв меч во Серија А за Фаџиоли по цели седум кола. Претходно добиваше мала минутажа, или беше на клупата за резервни фудбалери.


Standings provided by Sofascore

ПОВРЗАНО

Серија А