Според англиските и италијанските медиуми, играчот на Тотенхем, Киран Трипие би можел да премине во Јувентус.
Наводно жената на Трипие почнала да бара куќа во Торино, и потенцијални нови училишта за нејзините деца.
„Старата дама“ е подготвена да испрати понуда за Трипие во која гледа замена за на Жоао Кансело, кој е на добар пат да оди во Манчестер Сити.
Трипие има тригодишен договор со Тотенхем кој не е заинтересиран да го продаде по ниска цена.
Десниот бек на Тотенхем одигра 38 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона и постигна еден гол, а неговата сегашна цена изнесува 35 милиони евра.
Во 2015 година, Тотенхем го купи Трипие од Барнли за нешто помалку од 5 милиони евра, а со својата евентуална продажба ќе заработи голема сума пари, а Јувентус, наводно, е подготвен да плати 45 милиони фунти за него.