Со голот на Паоло Дибала, Јувентус славеше трета по ред победа во Лигата на шампионите, и се доближи до првата позиција во групата „Х“. Италијанскиот првак беше подобар ривал, особено во првиот дел, а во второто полувреме Манчестер Јунајтед заигра нешто подобро, еднаш ја погоди и стативата преку Погба, но не успеа да се извлече од пораз. Јувентус во 12 натпревар сезонава го забележа 11 триумф во сите натпреварувања.
Интересно беше да се забележи враќањето на Кристијано Роналдо на Олд Трафорд каде што имаше една шанса за гол, но Де Геа му го одбрани шутот.
Реал Мадрид само минимално го совлада Плзен на домашен терен со 2:1 со головите на Бензема и на Марсело. Најубедливи победи вечерва славеа Рома дома против ЦСКА Москва, и Манчестер Сити на гостувањето кај Шахтјор. Двата тима славеа по 3:0. Баерн го совлада АЕК во Атина со 2:0, додека Ајакс беше подобар од Бенфика со 1:0.
Јанг Бојс и Валенсија одиграа нерешено 1:1, а интересно беше на дуелот Хофенхајм – Лион кој заврши без победник 3:3.
РЕЗУЛТАТИ ЛШ 3. КОЛО
ГРУПА Е: АЕК – Баерн 0:2, Ајакс – Бенфика 1:0
ТАБЕЛА: 1. Ајакс 7, 2. Баерн 7, 3. Бенфика 3, 4. АЕК 0.
ГРУПА Ф: Шахтјор – Манчестер С. 0:3, Хофенхајм – Лион 3:3
ТАБЕЛА: 1. Манчестер С. 6, 2. Лион 5, 3. Хофенхајм 2, 4. Шахтјор 2.
ГРУПА Г: Реал М. – Плзен 2:1, Рома – ЦСКА М. 3:0
ТАБЕЛА: 1. Реал М. 6, 2. Рома 6, 3. ЦСКА М. 4, 4. Плзен 1.
ГРУПА Х: Манчестер Ј. – Јувентус 0:1, Ј. Бојс – Валенсија 1:1
ТАБЕЛА: 1. Јувентус 9, 2. Манчестер Ј. 4, 3. Валенсија 2, 4. Ј. Бојс 1.
Извор: ТВ21