ФУДБАЛ

Јувентус потврди: Демирал надвор од теренот шест до седум месеци

Јувентус потврди, Мерих Демирал ќе ги пропушти следните шест до седум месеци по успешната операција на лигаментите.

Демирал беше тешко повреден во дербито Рома – Јувентус, а по операцијата, Јуве потврди дека Турчинот ќе паузира од шест до седум месеци.

Турскиот репрезентативец постигна гол за 1:0 во победата на „Старата дама“ над Рома, но подоцна се здоби со повреда слична како и на играчот од средниот ред на Рома, Николо Заниоло.

Демирал со одличните игри го исфрли Матијас де Лихт од стартниот состав, а се шпекулираше и дека тој ќе биде мета на многубројни гиганти  во зимскиот преоден рок.

Сега сè падна во вода, а Турција би можела да загуби важен играч на Европските првенства.