ФУДБАЛ

Јувентус повторно заинтересиран за Вилијан

Бразилскиот офанзивен играч од средниот ред е во последната година од неговиот договор со Челзи, со кој нема договор за негово продолжување.

Јувентус повротно покажа заинтересираност за Вилијан.

Бразилската sвезда ја минува последната сезона со Челзи, бидејќи неговиот договор истекува ова лето.

Страните сè уште не го продолжиле договорот и тоа подразбира дека бразилскиот репрезентативец ќе го напушти „Стемфорд Бриџ“.

Фудбалерот сака нов двегодишен договор со Челзи, додека англискиот клуб е подготвтен да понуди соработка за уште еда година.

Британски „Експрес“ вели дека Маурицио Сари сака повторно да работи со 31-годишниот играч.

Доколку не успее да дојде до трофејот во Лигата на Европа, Вилијан би можел да му се придружи на Јувентус.