ФУДБАЛ

Јувентус пред колапс: Алегри го отстрани капитенот од тимот

Ако сезоната може да заврши сега, веруваме дека навивачите на Јувентус тоа веднаш би го прифатиле.

 

Причината е секако страшната претстава на нивниот тим од почетокот на сезоната и резултатите кои ги постигнаа во изминатиот период во првенството, но и во Лигата на шампионите.

 

Јувентус е само на последната позиција во италијанскиот шампионат, додека во Лигата на шампионите на двата одиграни натпревари забележа два порази. Поразите дојдоа на гостувањето кај ПСЖ, а на домашен терен од Бенфика.

Ситуацијата во клубот не е воопшто добра, особено затоа што никој не сака да ја прифати вината, а прашање е кога навивачите ќе реагираат и ќе бараат некои големи промени.

 

Посебно шокантен беше последниот пораз кој го доживеа тимот на Јувентус, во домашниот шампионат, каде секоја сезона се очекува да се бори за титулата.

 

Имено, тие гостуваа кај новајлијата во лигата, тимот на Монца и забележаа минимален пораз. Работите да бидат уште полоши за Јувентус, тоа беше прва победа за Монца оваа сезона.

Интересно беше и тоа што капитенот на тимот Леонардо Бонучи не одигра ниту една минута против Монца, а вистинската причина не беше позната. Помошникот на Алегри веднаш по натпреварот изјави дека тој е изоставен од технички причини.

 

Сепак, медиумите од Италија многу брзо пронајдоа нова информација и ја пренесоа веста дека Бонучи всушност е изоставен од составот поради конкретна причина, а тоа е изјавата што ја даде по поразот од Бенфика во Лигата на шампионите.

 

„Загрижен сум. Загрижен сум за состојбата во која се наоѓаме. Нема смисла да се каже дека работите се добри, кога едноставно не се. Ја губиме нашата игра за време на натпреварите. Не знам зошто се случува тоа , но тоа е она што најмногу ме загрижува, дури и повеќе од лошите резултати“, изјави Бонучи.

 

Јасно е дека со овие зборови алудираше на проблеми кои се во доменот на тренерот, а Алегри очигледно веднаш реагираше и го отстрани од тимот.

 

Сепак, тоа отстранување не беше единствениот проблем со кој се соочи Бонучи бидејќи навивачите на Јувентус објавија изјава за него. Во соопштението за медиумите јасно стои дека тој никогаш не бил и нема да биде лидер на нивниот тим.