ФУДБАЛ

Јувентус сака да го врати Алегри

Јувентус оствари контакт со италијанскиот фудбалски стручњак Масимилијано Алегри. Според новинарот Фабрицио Романо, претседателот на торинскиот клуб, Андреа Ањели, сака Италијанецот да се врати доколку Андреа Пирло биде отпуштен.

Како и да е, приоритет на Алегри е работата во Реал Мадрид, од каде тој чека повик во случај Зинедин Зидан да го напушти тренерското место.

Педесет и тригодишниот Италијанец пет пати го водеше Јувентус до трофејот во италијанскиот шампионат, четири пати го освои Купот на Италија и двапати Суперкупот на земјата. Под негово водство екипа двапати стигна до финалето во Лигата на шампионите.