Арон Ремзи ја грее клупата на Јувентус и заработува 10 милиони евра по сезона.
Јувентус се обидува да го раскине договорот со Велшанецот кој веќе две години е во Торино.
„Calciomercato“ пишува дека 29-годишниот е отпишан и дека Старата дама сака да се ослободи од него на секој можен начин. Откако дојде од Арсенал во 2019 година, тој никогаш не бил во вистинска форма и тренерот Масимилијано Алегри не смета на него.
Имаше и доста проблеми со повредите, но интересно е што ниту Пирло, ниту Сари, ниту Алегри во него не гледаа играч кој му е потребен на тимот.
Ремзи има договор со Јувентус до летото 2023 година. Клубот бара договор за раскин на договорот, но Ремзи бара големо обештетување што е проблем за Италијанците.