ФУДБАЛ

Јувентус се двоуми меѓу Влаховиќ и Икарди

По многу разочарувачката сезона, челниците на Јувентус веќе се фрлија на составување тим за новата сезона.

По цели девет години, Јувентус остана без титула во Серија А. Освојувањето на Купот на Италија и, во помала мера, освојувањето место во Лигата на шампионите и испаѓањето од неа во осминафиналето во никој случај не може да ги задоволи вкусовите на приврзаниците на Бјанконерите.

Затоа, во тимот се бараат нови опции.

Италијански Тутоспорт утрово на насловната страница објави фотографии од Душан Влаховиќ и Мауро Икарди како главни кандидати за новата деветка на Јувентус за следната сезона.

Јувентус, предводен од повратникот Масимилијано Алегри, брка напаѓач кој ќе мора да носи многу на рамената следната сезона.

Прашање е што ќе се случи со Алваро Мората, кој е на раскрсницата помеѓу враќањето во Атлетико и останувањето во Торино.

Икарди е најблизу во овој момент, но и Влаховиќ има солидни шанси, додека како единствена преостаната алтернатива се споменува Милик од Марсеј.

ПОВРЗАНО

Серија А