Аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин конечно се врати во Торино по повеќе од еден месец.
Игуаин се врати во Аргентина веднаш по прекинот на сезоната, а неодамна доби дозвола од клубот да го продолжи престојот во Буенос Аирес. Но, откако пристигна дозволата клубовите во Италија да тренираат, беше јасно дека Аргентинецот мораше да се врати.
Јувентус потврди дека Игуаин се вратил во Торино вчера, и дека сега треба да оди во карантин две недели. Сепак, „Тутоспорт“ пишува дека Јувентус се надева дека Игуаин би можел да ги следи стапките на Златан Ибрахимовиќ.
Имено, откако се врати од Шведска, Ибар помина само неколку дена во карантин, а вчера се врати на тренинзите на Милан откако двапати беше тестиран и беше негативен.
Јувентус се надева дека Игуаин ќе биде тестиран за два дена, и повторно кон средината на следната недела, и доколку се оди како што треба, тој би можел да тренира заедно со тимот следниот викенд.