Бразилецот Вилијан е желба на многу клубови во моментот.
На Вилијан му за три месеци му истекува договорот со Челзи и сè уште не е познато дали ќе биде продолжен.
Сепак, дури и ако тоа не се случи, нема да има зима за поранешниот фудбалер на Шахтјор, бидејки го сакаат многу великани.
Откако се појавија информации дека Тотенхем и ПСЖ ќе му понудат договор, италијанските медиуми објавија дека Јувентус се вклучил во трката.
„Старата дама“ стана позната во последниве години по тоа што донесе играчи кои беа слободни или при крај со нивните договори, и скоро секогаш ја погодиле зделката со нив, и токму тоа планираат да го направат со Вилијан.
Овој 31-годишен играч веќе работеше со тренерот на „Старата дама“, Маурицио Сари, во Челзи минатата година.
Неодамна, тој самиот зборуваше за иднината.
„Моја желба е да останам во Премиер лигата, но јас не ја отфрлам опцијата за друга лига“, изјави Бразилецот за „ЕСПН Бразил“, додавајќи:
„Ќе играм до крајот на сезоната и ќе видиме што ќе се случи. Јас сум навикнат на Англија“.