Јувентус е подготвен да направи финансиско лудило за талентот на Валенсија, Феран Торес.
Торес го сври вниманието на италијанските шампиони со својот талент оваа сезона, обезбедувајки супериорни настапи на шпанскиот клуб.
Договорот на 19-годишникот истекува во 2021 година и тој има откупна клаузула од 100 милиони евра во неговиот договор, но Валенсија се обидува да го обнови својот договор.
Сепак, Јуве се надева дека ќе го „киднапираат“ играчот во јануари, бидејќи спортскиот директор Фабио Паратити е подготвен да ја плати цифрата за шпанскиот талент.
Според италијанскиот медиум „Кориере дело Спорт“, Јувентус прави понуда за напаѓачот на Валенсија, Феран Торес, во вредност од неговата клаузула.
Одличните англиски клубови исто така изразија интерес за играчот, но нема конкретни информации дали ќе ја акртивираат клаузулата за откуп.