ФУДБАЛ

Јувентус стави 10 играчи во карантин

Италијанскиот шампион, кој пред неколку дена соопшти дека 121 член на нивниот тим се во изолација, соопшти дека 10 фудбалерки на женската екипа се во изолација. Тие учествувале пред неколку дена на Алгарве Куп, па поради тоа клубот одлучил да ги стави во карантин додека не биде утврдено дека немаат коронавирус. Клубот вели дека ваквиот чекор го прави поради претпазливост.