ФУДБАЛ

Јувентус тргна по ново засилување

Нов играч на италијанскиот гигант, може да биде Киран Трипиер, англиски репрезентативец на кој веќе му беше понуден договор.

Италијанските медиуми денеска објавија дека 28-годишниот десен бек на Тотенхем му е понуден петгодишен договор вреден 2,6 милиони евра по сезона со дополнителни бонуси.

Сепак, иако играчот е подготвен да го прифати договорот од шампионите на Италија, проблемот е неговиот клуб. Тотенхем не сака да ја намали цена од 25 милиони евра и сега засега го кочи договорот.

Трипиер во Јуве треба да го замени, Жоао Кансело, кој треба да ја продолжи својата кариера во англиската Премиер лига во Манчестер Сити.

Претходно Јувентус ангажираше уште еден играч од Премиер лигата. Дресот на „Старата дама“ беше облечен од играч од средниот ред Арон Ремзи, кој пристигна од Арсенал.

Трипиер потекнува од младинската школа Манчестер Сити. Сепак, бидејќи нема шанса таму, тој одлучи да замине.

Тој играше за Барнсли и Барнли, а од 2015 година е член на Тотенхем.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига